
Поранешно англиско „чудо од дете“ тужи хирург и бара отштета од - осум милиони евра!
Ибанкс-Блејк тврди дека непотребна операција му ја уништила кариерата, иако му се предвидуваше светла иднина и многу успеси.
Напаѓачот е роден во Кембриџ, а во младинските категории играше за Јунајтед пред да се пробие до Вулверхемптон, каде што постигна 64 голови во 193 настапи.
Откако ја скрши ногата на крајот на сезоната 2012/13 следеше голем пад во неговата кариера, па до крајот играше само во тимови како Ипсвич таун и Престон норт енд, пред да се пензионира во 2019 година.
Поранешната ѕвезда на англиската репрезентација до 21 година го обвини докторот Џејмс Калдер дека му направил непотребна опрација на неговиот зглоб и му ја уништил кариерата.
Фото: EPA PHOTO