Поранешниот претседател „распали“ по Интер

Во Италија втор ден по ред вест на денот е одземањето на капитенската лента на Мауро Икарди. Нов „лидер“ е Самир Хандановиќ, а управата на клубот застана на страната на подобрата атмосфера и ретко кој е на страната на Аргентинецот. Сепак, Икарди има поддршка од поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати.

Морати е се уште влијателен човек во Интер, иако повеќе не е претседател на клубот, неговите изјави се вреднуваат, а токму тој смета дека Икарди требаше да остане капитен.


„ Дали жалам поради Берогми и Занети? Гледам капитен и во Икарди. Секогаш играше со ентузијазам, сериозност и професионалност. Немам што да додадам“, истакна Морати


Поранешниот претседател го критикуваше клубот бидејки цела приказна излегла во медиумите.

 

„Се чини дека одземањето на капитенската лента е бескорисен потег поготово кога го правите тоа на сред сезона, кога не може да го продадете играчот. Не знам каква предност може да донесе ова“, заврши „сојузникот“ на Икарди