Поранешен селектор на Хрватска влегува во игра за наследник на Клоп во Ливерпул!

Екипата на Ливерпул се уште го бара наследникот на Јирген Клоп, кој од поодамна најави заминување, а последниве денови во игра за негов наследник влегува поранешниот хрватски селектор, Нико Ковач.

Оваа информација ја потврди Дејли Мејл, откако Хрватот во моментов е слободен агент со оглед што пред нецел месец доби отказ од Волфсбург. Англискиот гигант го сметаат како идеално решение за шеф на стручниот штаб.

Ковач во досегашната тренерска кариера покрај Волфсбург ги тренираше и Ајнтрахт Франкфурт, Баерн и Монако, а беше селектор и на Хрватска.