Полициска акција поради перење пари: Се апси во Белгија, Монако и Англија поради Митровиќ (ФОТО)

Во моментов се одвива голема полициска акција во Монако, Белгија и Англија, поточно Лондон поради сомнеж дека се переле пари при трансферот на Александар Митровиќ во Њукасл.

Митровиќ во 2015 година потпиша за Њукасл, а неговиот поранешен клуб Андерлехт доби дури 18,5 милиони евра за трансферот.

Според првите информации на медиумите, уапсени се еден менаџер и неговиот асистент, чии имиња во моментов не се откриваат, но се поврзани со трансферот на Митровиќ.