Покетино: Фановите се разочарани, но јас не сум загрижен

И покрај лошиот старт на Челси, тренерот Маурисио Покетино вели дека се е под контрола и нема простор за паника.

По првите пет кола во Премиерлигата, Челси има освоено само пет бода. Денеска одиграа реми на гостувањето кај Борнмут 0-0.

Покетино тврди дека заслужиле да победат, но многу лесно можеше Борнмут да го добие натпреварот бидејќи беа сосема рамноправен противник.

„Фановите се разочарани поради ситуацијата, но јас не сум загрижен за тоа. Го велам ова бидејќи навистина знаеме што правиме, заслуживме да победиме“, вели Покетино.