Погба шутира иако има ужасна статистика за пенали, а Рашфорд е перфектен (ВИДЕО)

Пол Погба пак се најде во центарот на вниманието кај навивачите на Манчестер јунајтед, кои се исфрустрирани поради неговиот нереализиран пенал против Вулфс.

Французинот вечерва можеше да му донесе триумф на својот тим од белата точка, но голманот Руи Патрисио одлично го спречи неговиот удар од 11 метри во 68-та минута, па натпреварот заврши 1-1.

Интересно е тоа што за Погба ова беше вкупно 15-ти пенал откако е во дресот на Манчестер јунајтед. Тој има доста лоша статистика, бидејќи вечерва по петти пат не реализираше од белата точка и погодил десет пати.

Помалку е чудно зошто Погба шутираше од белата точка, кога во Јунајтед има играч со перфектен скор од 11 метри, а тоа е Маркус Рашфорд. Младиот Англичанец има постигнато шест голови од пенал од шест удари, меѓу кои и во претходното коло против Челси.

Повеќе од јасно е кој треба да ги изведува пеналите во Манчестер јунајтед.