Почина легенда на Манчестер јунајтед, клучен за првата европска титула!

Легендарниот лев бек на Манчестер јунајтед, Тони Дан, почина синоќа на 79-годишна возраст, објавија од клубот на својата официјална веб-страница.

Прославениот Ирец остави длабок белег на „Олд Трафорд“, а во клубот пристигна од Шелборн во 1960 година за само 5.000 фунти. Потоа одигра повеќе од 500 натпревари за Јунајтед во 13 сезони и беше еден од клучните фудбалери  на славниот тим кој ја освои својата прва европска титула во клупската историја во 1968 година. Таа историска победа „Црвените ѓаволи“ ја остварија над Бенфика со 4-1 во големото финале.

Дан играше заедно со свестко познатите легенди Џорџ Бест и Бест и Боби Чарлтон, а со Јунајтед освои и две титули во англиската лига и еден ФА Куп.

Тој, исто така запиша 33 настапи за ирската репрезентација.

Беше еден од најдобрите дефанзивци во историјата. Неопходен дел од тимот кој ја освои Европа во 1968 година. Играч кој запиша 535 настапи во дресот на Манчестер јунајтед. Нашите мисли и сочувство одат кај неговите најблиски. Почивај во мир, се вели во пораката од Манчестер Јунајтед.