Почина една од најголемите легенди на Јувентус

Поранешниот фудбалер и претседател на Јувентус, Џанпјеро Бониперти утринава почина на 92-годишна возраст. 

Целата своја 15-годишна фудбалска кариера ја мина во дресот на „Старата дама“. Тој важи за еден од најголемите фудбалери во историјата на славниот италијански клуб. Во периодот од 1949 до 1961 година, Бониперти одигра 459 натпревари за клубот и постигна 179 голови. За Италија одигра 38 натпревари и постигна осум голови. 

Во 1981 година беше назначен во бордот на директори на Јувентус, а во деведесетите години од минатиот век влезе и во политичките води. Тој беше член на партијата „Форца Италија“ на Силвио Берлускони, а во 1994 до 1999 година беше заменик во Европскиот парламент.