По една година, Санчо повторно заигра за Манчестер јунајтед!

Неодамна Санчо и Тен Хаг си подадоа рака, а денеска англискиот фудбалер се најде во стартниот состав на Манчестер јунајтед на пријателскиот меч против Глазгов Ренџерс.

Првпат по 26. август 2023 година, Санчо настапи на меч за Манчестер јунајтед. 

„Зборувавме со Санчо, секој може да направи грешка. Подвлековме линија и продолжуваме понатаму. На клубот му се потребни добри фудбалери, а Санчо е многу добар фудбалер. Се надевам дека ќе има допринос за наш успех“, рече Тен Хаг пред натпреварот со Ренџерс.

Манчестер јунајтед го доби дуелот со 2-0, со голови на Диало во првото полувреме и Хугил во вториот дел.

Од новите засилувања дебитираше Јоро, кој имаше одлична партија.