Пирло знае кој фудбалер му треба на Јувентус

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло го советуваше Јувентус по кој фудбалер да тргне летово. „Старата дама“ повторно го освои Скудетото, но не успеаа да стигне до својата главна цел, а тоа е освојувањето на ЛШ.

Андреа Пирло неколку сезони беше дел од Јувентус, а сега е тренер во младинските категории. Тој смета дека на „бјанконерите“ им е потребен Иско кој е непожелен во Реал Мадрид.

„Им треба фудбалер кој ќе ги организира нападите, а таков е Иско. Тоа е моето мислење, но верувам дека тој би бил одлично засилување за Јувентус ако сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Средината мора да се засили. Кристијано Роналдо не може да ги реши сите проблеми“, изјави Пирло.