Пиоли претставен во Милано: Навивачите може да ме критикуваат, но тоа ме турка напред!

Милан денеска го претстави нивниот нов тренер Стефано Пиоли, кој го наследи Марко Џампаоло на тренерската позиција.

Првата реакција од страна на навивачите не беше пријатна за Пиоли, за кој фановите сметаат дека не е подобар тренер од Џампаоло.

„Дојдов со ентузијазам и страст. Убеден сум дека заедно може да направиме големи резултати. Ги почитувам навивачите, а тие имаат право да ме критикуваат. Сепак, тоа дополнително ме мотивира. Во следните 10 дена ќе биде многу важно да ја искористам секоја шанса. Моите принципи се градени на идеи, интензитет и немилосрдност“, порача Пиоли.