Пиоли нуди револуционерна промена: Да се забрани враќање на топка во своја половина!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има интересна идеја за тоа како може фудбалот да стане поатрактивен за гледање и играње.

Новинарите му поставија прашање на Пиоли што би променил во светот на фудбалот, а тој имаше подготовен одговор.

„Ако сакаме да гледаме напаѓачки фудбал, тогаш мора да воведеме ново правило. Не треба да се враќа топката на својата половина штом ја премине средната линија, така фудбалот би бил поинтересен“, вели Пиоли.