Перез е ептен скржав - не сака да плати 60 милиони евра за соиграч на Елмас!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да создаде моќен тим кој повторно ќе биде непобедлив во светот, а на неговата листа со желби се наоѓаат многу фудбалери.

Перез во минатото не размислуваше премногу пред да потроши огромна сума на пари, но сега станал скржав и не сака да ги исполни барањата на Лајпциг за трансфер на Дани Олмо.

Лајпциг процени дека Олмо вреди 60 милиони евра, но Перез смета дека тоа се премногу пари за талентираниот шпански фудбалер и решил да се повлече од трката.

Оваа ситуација најверојатно ќе ја искористи Манчестер сити кој будно го следи секој чекор на Олмо.