
Пеп мора да продава фудбалери за да избегне казни од Премиер лигата и УЕФА
„Граѓаните“ во изминатиот период се засилија со Рајан Черки, Рајан Аит-Нури, Тијани Рејндерс, Свер Нипан, Џејмс Трафорд и Маркус Бертинели, додека од клубот си заминаа Кајл Вокер, Кевин Де Брујн и Скот Карсон.
Премиерлигашот, сепак, сè уште има 30 фудбалери во првиот тим, а „Мирор“ пишува дека Гвардиола итно ќе мора да продаде уште пет играчи за да избегне казни од УЕФА.
Клубовите не смеат да имаат повеќе од 25 фудбалери за ЛШ, објави „Мирор“, па јасно е дека гигантот од „Итихад“ ќе мора да продаде уште пет фудбалери.
Кога станува збор за Премиер лигата, има поинакво правило за домашните играчи, но и за тие помлади од 21 година, па „граѓаните“ ќе мора да реализираат само една продажба.
Во моментов достапни за продажба се Џек Грилиш, Калвин Филипс, Стефан Ортега и уште неколку други фудбалери.
Фото: Facebook/Manchester City