„Пеп Гвардиола му нанесе огромна штета на светскиот фудбал!“

Пред денешната пресметка помеѓу повратникот во Премиерлигата, екипата на Лидс и Манчестер Сити, во медиумите можеше да се види преписка помеѓу тренерите на двата тима, Марсело Биелса и Пеп Гвардиола, која иако на прв момент не делуваше така, беше размена на комплименти.

Прво стратегот на „граѓаните“ го испофали својот денешен ривал, наведувајќи дека сѐ уште е неколку скалила подолу во однос на популарниот „Лудак“ во однос на искуството и знаењето, а потоа дојде одговор во стилот на контроверзниот Аргентинец. Биелса во интервју за телевизијата ДАЗН изјави дека Гвардиола „нанел голема штета на светскиот фудбал“, па потоа се обиде тоа да го претстави како добра работа.

„Пеп му нанесе голема штета на фудбалот. Без да сака, измисли систем што сега се нарекува и се препознава како 'тим на Гвардиола'. Секојпат кога некој игра против него, тој успева да пронаоѓа систем со кој се брани и заштитува“, изјави Биелса

Дуелот помеѓу Лидс и Манчестер сити ќе се одигра денеска со почеток во 18.30 часот.