Пеналџијата Казорла го урна Хетафе за нов триумф на Вилјареал (ВИДЕО)

Екипата на Вилјарел славеше против Хетафе со 1-3, и на тој начин „жолтата подморница“ го одржи чекорот за пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

По еден час игра, гостите поведоа преку Казорла од пенал, Дуро му донесе израмнување на домаќинот во 80. минута, додека Казорла повторно со удар од белата точка повторно и донесе водство „жолтата подморница“. Точка на натпреварот стави Рубен Пена во 93. минута.

Сега Вилјарел има 57 бода, три помалку од Севилја, но и натпревар повеќе, додека Хетафе остана на 35 бода.

До нов триумф дојде и Бетис дома против Осасуна со 3-0.