Пеле му упати порака на Меси: Уживање е што те гледам – добредојде во клубот 700!

Бразилската легенда Пеле му упати честитка и посебна порака на аргентинскиот виртуос на Барселона, Лионел Меси, откако првата ѕвезда на Каталонците со гол против Атлетико Мадрид пред некој ден од пенал стигна до бројката од 700 голови во кариерата.

Малкумина играчи во историјата успеале да стигнат до оваа неверојатна бројка, а меѓу бесмртните последен влегува Меси во друштво на Пеле, Ференц Пушкаш, Алфредо Ди Стефано, Кристијано Роналдо, Ромарио, Герд Милер...

„Лео Меси, не треба некаков вовед. Неупорен, прекрасен, сјаен. Уживање е што те гледам(е). Добредојдовте во клубот 700. И ви благодарам за уживањето“, напиша Пеле.