Пеколен план: Бекам во јануари ќе го земе Роналдо, а на лето - Меси!?
Англиските медиуми пишуваат дека Бекам наводно разговарал со Роналдо, кој бил подготвен на такво нешто, а газдата на Интер Мајами следното лето планира во екипата да го донесе и Лионел Меси, па така едни од најголемите ривали во историјата на фудбалот би можеле конечно да носат дрес на иста екипа.
Меси претходно кажа дека планира по Мундијалот во Катар да открие каде ќе игра следната сезона, па Бекам ќе има доволно време да го убеди и Аргентинецот да потпише за неговиот клуб.