Педри за една година има одиграно повеќе натпревари отколку Нејмар за четири сезони

Шпанскиот фудбалер Педри денеска го одигра својот 72.натпревар во сезоната 2021/2022. Тој настапи за Шпанија во полуфиналето на Олимписките игри во победата од 1-0 против Јапонија. 

Младиот фудбалер на Барселона едноставно нема одмор сезонава, бидејќи одигра 37 натпревари во Ла Лига, 20 за Шпанија на Европското првенство, Олимписките игри и квалификациите, седум во Лигата на шампиони, шест во Купот на Шпанија и два натпревари во шпанскиот Суперкуп.

Колку за споредба, најскапиот фудбалер во светот Нејмар пристигна во ПСЖ од Барселона за 222 милиони евра во летото 2017 година, а досега во Лига 1 одигра само 70 натпревари.