Паз сака да се врати во Реал Мадрид, но постави голем услов!

Реал Мадрид би можел повторно да го врати Нико Паз во своите редови следното лето, но овојпат аргентинскиот фудбалер има услов кој може да ја искомплицира целата операција.

Паз во моментов блеска во дресот на Комо, каде што доби простор за развој и стана еден од најважните играчи во тимот. Паз сака да биде стартер во шпанскиот гигант и да игра редовно, а во Реал Мадрид конкуренцијата е огромна.

Аргентинецот не сака да се врати по секоја цена, па следното лето би можело да донесе интересна разврска околу неговата иднина. Реал има можност да го врати, но ќе мора да размисли и за улогата што би му ја доделил.

Фото: Facebook/Como 1907