Пандев остана без тренер: Џенова му даде отказ на Шевченко

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, кој речиси никогаш не греши, најави дека Андриј Шевченко добил отказ од Џенова, па така македонскиот фудбалер Горан Пандев повторно остана без тренер.

Шевченко не успеа да го крене тимот на повисоко ниво, па освои само три бода во девет натпревари во Серија А, откако пристигна да го замине Давиде Балјардини, но тоа не беше доволно.

Екипата на Џенова во моментов се наоѓа на 19. позиција во Серија А и ги чека тешка борба до крајот на сезоната за опстанок во лигата.