Пандев: Елмас е среќен во Наполи и сонува да стане – важен играч!

Капитенот на макеоднската фудбалска репрезентација Горан Пандев после репрезентативните обврски се врати во Џенова во обид најстариот клуб во Италија да влезе во серија со која ќе избега од самото дно во Калчото, ама освен подготовката за мечот, италијанските новинари посебно се интересираат за македонскиот бисер Елиф Елмас.

Елмас ја возбуди Италија после двата гола за победа на Макеоднија против Словенија пред една недела со 2-1 и нормално бисерот од Наполи сега е во фокус на јавноста, па не можеше да мине прашање за Елиф за капитенот на македонската селекција.

„Елиф е таков карактер и има таков фантастастичен квалитет, а е 99-то годиште. И тоа веќе го покажува за Македонија и во Наполи. Полн погодок е неговиот ангажман во Наполи. Елмас е пресреќен во Неапол и има голема желба и сон да стане клучен играч во тимот и да освојува трофеи“, им порача Пандев на италијанските новинари.

Наполи го очекува пресметка со Верона во која Елмас веројатно ќе биде резерва зашто Анчелоти сака да го сочува за мечот во ЛШ со Ред Бул Салцбург, додека Пандев има пресметка со Парма во колото викендов на Апенините.