Пандев доби од Интер фантастичен подарок! (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев доби специјален дрес како подарок од Интер за незаборавната 2010 година, кога „нераѕурите“ го освоија Скудетото, италијанскиот Куп и Лигата на шампиони.

Пандев беше дел од екипата на Интер и одигра важна улога, а веднаш се пофали на социјалните мрежи со слика од фантастичниот подарок.