Падна договор меѓу Алонсо и Барселона, се чека дозвола од Челси!

Челси неодамна ги прекина преговорите со Барселона за Маркос Алонсо и Цезар Аспиликуета, откако каталонскиот гигант им украде неколку потенцијални засилувања меѓу кои беа Рафиња и Жил Кунде, но премиерлигашот очигледно сега ќе попушти за нивниот шпански фудбалер.

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека Алонсо ги договорил личните услови со Каталонците, па сега се водат преговори меѓу Барселона и Челси за трансфер на Шпанецот.

Томас Тухел веќе не планира да смета на Алонсо, а искусниот дефанзивец сака да се врати во татковината, па наскоро се очекува „зелено светло“ од Челси за реализирање на трансферот.