Откриено колку пари трошел Роналдо во Дубровник

Одморот на Кристијано Роналдо и неговата вереничка Георгина Родригез во Дубровник е завршен. Во хрватскиот град поминаа неколку денови, а дека навистина уживаа може да се забележи по нивните фотографии.

Роналдо во Хрватска стигна во сабота во доцните часови со приватен авион, а не му било проблем да одвои по 7.000 евра дневно во Вилата Шехерезада во која престојувале многу ѕвезди.

Изнајмувањето на луксузното комби од Мерцедес, кое го пренесуваше од една до друга дестинација чинеше 1.000 евра дневно, без возач, а португалскиот фудбалер не штедел ниту на храна.

Славниот пар во најпознатите ресторани во хрватскиот град трошеле по 2.000 евра дневно, а најверојатно купувале и останати работи, па хрватските медиуми пишуваат дека Роналдо трошел по повеќе од 20.000 евра дневно.

Тоа може да се каже дека за него не е ништо посебно бидејќи заработува 30 милиони евра годишно во Јувентус.