Откриена причината за заминувањето на Алегри од Јувентус – првиот човек Ањели бил уценет!?

Масимилијано Алегри после пет години и 11 трофеи, од кои пет скудета во низа и четири купови си оди од италијанскиот великан Јувентус, а „Кориере Дела Сера“ ја објави причината за раскинувањето на соработката која е повеќе од – бизарна.

Многумина во Италија сметаа дека Алегри си заминува поради неуспехот да се освои трофејот во ЛШ после две загубени финалиња (2015 од Барселона и 2017 од Реал Мадрид), иако во клубот дојде Кристијано Роналдо, како последна алка која требаше да го донесе сребрениот пехар.

Но, тоа што Јувентус испадна од ЛШ во четвртфиналето од Ајакс не била причината. Туку уцената што првиот човек на клубот Андреа Ањели бил уценет и тоа од директорот Павел Недвед. Според „Кориере“, Ањели сакал да остане Алегри, бил задоволен од неговата работа, дури и јавно застана после елиминацијата од Ајакс зад тренерот со поддршка за следната сезона.

Но, Недвед влегол во игра и практично со уцена го премислил Ањели.

„Ако тој (Алегри – н.з.) остане, јас си одам“, била заканата од Недвед.

На страната на чешката легенда застанал и спортскиот директор Фабио Паратичи, па Ањели немал преголем избор. Требало да ризикува да остане без управа и без одани соработници, за да би го заштитил Алегри. Во счучајот, ризикот со заминување на Алегри бил помалку болен, па затоа и првиот човек пресекол со таква одлука да се прекине соработката со тренерот.

Инаку Недвед и Алегри веќе подолг период не се во добри односи, чешката легенда многу често ја критикуваше работата на тренерот. На барањата на Алегри за засилувања, Недвед секојпат одговарал дека дури е и „срамота“ да се засилува ваков тим.