Откриена главната причина зошто се тресе столчето на Зидан во Реал Мадрид

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид не тргна сезонава според очекувањата, па притисокот врз Зинедин Зидан станува сè поголем и медиумите блиски до „кралевите“ веќе најавуваат дека сериозно се тресе сточлчето на француската легенда.

Зидан се врати во Реал само осум месеци откако го напушти кормилото после освоени три европски титули во низа, летово Реал потроши 305 милиони евра на засилувања, но реконструкцијата на тимот не ги даде потребните резултати. Но, резултатите и не се толку проблематични во ситуацијата, кога незадоволството во клубот веќе доаѓа до точка на вриење.

Најголема причина за големото незадоволство од работата на Зидан во вториот мандат е одработениот преоден рок, но не толку со засилувањата, туку со фактот дека прелесно се откажал од некои фудбалери. Пред сè од Дени Себалјос, кој игра извонредно и за шпанската репрезентација, а и за Арсенал, каде замина на едногодишен заем.

И токму Себалјос е фудбалерот кој сега неочекувано излегува во фокусот на „утките“ на Зидан, од причина што „кралевите“ ги очекува шест меча во следните три недели, а имаат само двајца искусни и добри играчи за врска во Тони Крос и Касемиро. Да е маката поголема, Французинот ги одбил опциите Дони Ван Дер Бек од Ајакс или Кристијан Ериксен од Тотнем да го засилат клубот летово, чекајќи дека сепак Пол Погба ќе дојде на „Сантјаго Бернабеу.

И во такви околности, сега во Мадрид врие, но и владее страв дека клубот нема да излезе од „кризниот период“, кога е остабен без услугите на Марко Асенсио на подолг рок, повреден е и Лука Модриќ, како и Иско.

Засега Флорентино Перез е мирен, но ако негативните резултати продолжат, а стартува и Лигата на шампионите (првиот меч е дербито со ПСЖ), нема да биде изненадување ако Зидан добие отказ и Жозе Мурињо да се врати во Мадрид, кој веќе отворено изјавува дека сака втора шанса, потенцирајќи дека е најмногу горд на трите минати години во шпанската престолнина.