
Откако дојде во Ливерпул, Салах е убедливо најдобар играч во Премиер лигата
Статистиката вели дека тој е на првото место во некои од најважните статистички категории. Има најмногу постигнати голови во овие осум години (182), учествувал во постигнувањето на најмногу голови (267), има најмногу асистенции од игра (76), креирал најмногу шанси (481), упатил најмногу удари (1.025) и има најмногу контакти со топката во противничкиот шеснаесетник (2.489).
Со оглед на тоа што вчера го продолжи договорот со Ливерпул на уште две години, Салах има можност да напредува на вечната листа на стрелци во Премиер лигата. Во моментов е на шестото место со 184 гола, колку што има Серхио Агуеро и е единствен активен играч во топ-10. Многу веројатно до крајот на оваа сезона ќе избие на четвртата позиција бидејќи Енди Кол има само три гола повеќе, а за идната сезона како предизвици ќе му останат Вејн Руни (208) и Хари Кејн (213). Засега далеку останува најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер кој ја заврши кариерата со 260 гола.