Официјално: Серија А ги одложи мечевите на Сампдорија и Џенова!
Двата клуба од Џенова побараа одложување на нивните мечеви закажани за викендов на стартот на Серија А. Сампдорија требаше да биде домаќин на Фиорентина, а Џенова да му гостува на Милан. Серија А попладнево им излезе во пресрет, откако ултрасите на Џенова се објавија дека ќе го бојкотираат почетокот, затоа што трагедијата во моментов е во преден план, отколку настапите во Калчото.
„Претседателот на Серија А на барање на двата клуба од Џенова го прифати барањето за да се одложат закажаните мечеви помеѓу Сампдорија – Фиорентина и Милан – Џенова. Новите термини на одигрување на овие мечеви ќе бидат познати во следните денови. Сите други мечеви кои се закажани ќе се одиграат во закажаните термини и ќе започнат со едноминутно молчење во знак на почит кон ждртвите од страпната трагедија“, објави Лега Калчо.