Официјално: Њукасл се засили со Ботман (ФОТО)

Свен Ботман беше на праг да потпише со Милан, но сепак се премисли и замина во Премиерлигата, каде што ќе го носи дресот на Њукасл.

Овој 22-годишен стопер имаше импресивни натапи во Лил и привлече големо внимание од гигантите, но сепак на крајот пресудија парите на богатите газди на премиерлигашот.

Њукасл за услугите на Ботман ќе плати 40 милиони евра, па дефанзивецот стана нивно трето најскапо засилување во историјата.

Ботман потпиша договор до јуни 2027 година, а претходно на „Сент Џејмс парк“ пристигнаа Ник Поуп од Барнли, како и Мет Таргет од Астон вила.