Официјално: Милан се раздели со Стефано Пиоли

Она што постојано се шпекулираше денеска стана и официјална информација, Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан.

Италијанскиот стратег имаше договор до јуни 2025 година, но двете страни решија предвреме да ја прекинат соработката. 

Пиоли седна на клупата на „росонерите“ во октомври 2019 година и тоа само како привремено решение. Сепак успеа да ја разбуди и екипата и поради добрите резултати доби нов договор. Во сезоната 2021/2022 година го водеше Милан до 19-тата шампионска титула, прва по цели 11 сезони. 

Челниците на Милан наскоро ќе го обајват името на новиот тренер, а тоа треба да биде Пауло Фонсека.