Официјално: Масимилијано Алегри по пет години си оди од Јувентус!

Досегашниот тренер на италијанскиот шампион Јувентус, Масимилијано Алегри после пет години и 11 трофеи ќе си замине од Торино на крајот на оваа сезона, во која останаа уште две гола во Серија А, потврди „старата дама“ денеска во соопштение до јавноста.

Јувентус во кратката објава посочи дека Алегри нема да биде тренер во следната сезона 2019/20, со најава дека утре попладне заедно со првиот човек на торинскиот великан ќе одржат прес-конференција на која ќе ги соопштат сите детали за разделбата.

Алегри дојде во Јувентус пред пет години и го наследи Антонио Конте, освојувајќи пет скудета од осумте во низа, четири купа, а играше и двапати во финалето на Лигата на шампионите, но сезонава засилен и со Кристијано Роналдо не успеа да ја оствари главната цел – да ја врати европската круна по пауза од 23 години.