Официјално: Манчестер сити си купи дефанзивец за 68 милиони евра!

Манчестер сити го потврди трансферот на Рубен Дијаз од Бенфика, иако уште пред неколку дена беше јасно дека дефанзивецот ќе се пресели во Премиерлигата.

„Граѓаните“ за услугите на Дијаз плати 68 милиони евра, а сумата на трансферот може да достигне и до 71 милион поради различни бонуси, додека фудбалерот потпиша шестгодишен договор.

„Не можев да ја одбијам можноста за преселба во Манчестер сити. Тие играат одличен фудбал и тоа ми се допаѓа“, кажа дефанзивецот.