ОФИЦИЈАЛНО: Лозано е нов соиграч на Елмас во Наполи (ФОТО)

Ирвинг „Чаки“ Лозано е најновото засилување за Наполи. Мексиканецот синоќа официјално стави потпис на договорот со италијанскиот тим, објави претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

Крилниот напаѓач доаѓа од редовите на ПСВ Ајндховен и во следните пет години ќе го носи дресот на „наполитанците“. Италијанскиот вицешампион за неговите услуги плати 43 милиони евра плус бонуси.