
Барса конечно се враќа дома - објави и кога (ВИДЕО)
Клубот побара и доби дозвола, таму да го одигра натпреварот од традиционалниот „Гампер куп“ со кој го претставува тимот за новата сезона. Мечот е закажан за 10 август, противникот уште не е потврден, но најверојатно ќе биде италијанскиот прволигаш Комо чиј тренер е поранешниот играч на Барса, Цеск Фабрегас.
Со оглед на тоа што реконструкцијата на Камп Ноу уште не е завршена, на почетокот од сезоната на стадионот ќе можат да присуствуваат максимум 25 илјади гледачи. Во следниот период Барселона ќе го објави темпото на проширување на капацитетот, но се очекува сите работи, вклучувајќи го и покривот кој бара најголем ангажман, да бидат завршени до идното лето.
Последен пат на Камп Ноу, Барса играше во мај 2023 година кога ја прослави шампионската титула во домашното првенство. Таму ќе се врати како првак на Шпанија имајќи предвид дека повторно дојде до трофејот во неодамна завршената сезона.