Официјално: Арсенал го доби второто летно засилување

Бернд Лено и официјално е нов голман на екипата на Арсенал, откако Баер Леверкузен се согласи да го продаде за 22 милиони евра. 

Германецот (26) е второто летно засилување за „топчиите“ по Стефан Лихштајнер. Лено ќе се бори за стартното место на голот на Арсенал со Петр Чех, кој минатата сезона имаше променливи настапи, а од тимот најверојатно си заминува Давид Оспина.

Арсенал сега се фокусира и на трансферот на Лукас Тореира од Сампдорија, кој би требало да биде третото летно засилување за менаџерот Унаи Емери.