Одложен натпревар во Шпанија поради најлошиот терен во Ла Лига (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Овиедо од Ла Лига кој требаше да се игра денеска од 14:00 часот е одложен поради ужасниот терен на стадионот „Ваљекас“.

Гостите од Овиедо први повлекле чекор бидејќи по доаѓањето веднаш реагирале и алармирале на лошата состојба на теренот жалејќи се дека може да дојде до повреда на некој од нивните фудбалери.

Рајо исто така изрази поддршка на нивното барање бидејќи теренот поради дождот во овој период како што може да се види на фотографиите навистина е во ужасна состојба.

Инаку, теренот во „Ваљекас“ од поодамна е познат како најлош во Ла Лига. Засега не е познато кога двете екипи ќе го одиграат овој дуел.