Голем гест на Комити: На аукција купија дрес на легенда на Осогово, парите одат во хуманитарни цели!
Станува збор за Стојанче Велинов кој минатиот месец се врати од Осогово, а се лицитираше за неговиот дрес од деновите поминати во Академија Пандев со кој триумфираше во Купот на Македонија. Најголема сума понуди навивачката група Комити која го откупи дресот за 23 илјади денари, а парите ќе бидат донирани за спомен обележје на настраданите во големата несреќа која се случи дискотеката Пулс, во март минатата година.
Потегот на Комити наиде на воодушевување на домашните навивачи од полната трибина на стадионот кои со громогласен аплауз ја поздравија акцијата.