Касемиро имаше многу среќа: Ромеро можеше сериозно да го повреди (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед чекори кон четвртата победа во низа и денеска против Тотнем води со 1-0 и има играч повеќе во финишот од првиот дел.

Ромеро по половина час игра жестоко стартуваше врз Касемиро кој во таа ситуација имаше среќа што не се повреди и посериозно. Сосема заслужено, Мајкл Оливер му покажа директен црвен картон.

Во 38-та минута, Јунајтед ја искористи играчката предност и со голот на Мбауемо поведе.