Од 2021 Реал и Барса ќе ги гледаме на нов канал?!

Спортските натпревари се прекинати веќе два месеци поради пандемијата на коронавирусот, но веќе има најави за тоа кога ќе може повторно да се ужива во возбудувањата на фудбалските терени.

Германците ќе почнат со фудбал следниот викенд, а за останатите првенства ќе мора да бидеме малку повеќе трпеливи, па „Еуроспорт“ ќе биде прв кој ќе ги врати возбудувањата за навивачите пред малите екрани.

Сепак, се очекува промена и на Балканот, односно на каналите каде што се пренесуваат спортски натпревари. За следната година нема измени, но од 2021 година ситуацијата се менува. Натпреварите од Ла Лига ќе биде преселена на „Арена Спорт“, која на „Спортклуб“ му ја украде и НБА-лигата.

Се очекува и одговор од „Спортклуб“ на овој потег на „Арена спорт“, иако засега нема никаква потврда, но најверојатно германската Бундеслига ќе се пренесува на нивните канали.

„Арена“ ќе ги задржи правата и на Лигата на шампиони за период од 2021 до 2024 година, а Евролигата и Еврокупот најверојатно ќе останат на „Спортклуб“, додека и АБА-лигата ќе оди на „Арена Спорт“.

„Спортклуб“ ги има правата и на натпреварите од Европското првенство, квалификациите за Мундијалот во 2022, следната Лига на нации, исто така пренесуваат и Премиерлига, португалска Примера, холандска лига, кошаркарски шампионат на Турција... Додека на „Арена“ ќе се емитуваат Серија А, француска Лига 1, првенствата во Белгија, Чешка...