Очекувано: Арсенал ќе тргне во офанзива да го донесе Анчелоти на „Емирати“

Не мина ни еден час откако италијански Наполи го отпушти Карло Анчелоти од кормилото на актуелниот калчолигашки вицепрвак, а англиските медиуми експресно најавија дека Арсенал тргнува во офанзива за да го донесе трофејниот Италијанец на клупата на „Емирати“.

Според информаците на англиските медиуми, Арсенал веќе денеска ќе го контактира Анчелоти за да му понуди место за менаџер на тимот и се надева дека бившиот тренер на Реал Мадрид, ПСЖ, Челси, Парма, Милан, Јувентус, Баерн Минхен ќе прифати и ќе дојде на „Емирати“. Самиот факт дека е бивш тренер на Челси, дека добро знае англиски, а и добро ја познава Премиерлигата за Арсенал е одлично решение трофејниот Италијанец за да ги предводи „топчиите“.

Арсенал откако го отпушти Унај Емери го стави Фреди Љунгберг како привремено решение и во моментов веќе преговарал со неколку имиња, ама сега откако се отворила можноста за да го донесат Анчелоти ќе сочекаат одговор пред да донесат конечна одлука. Ако Анчелоти прифати, експресно ќе го ангажираат, а во случај да не прифати ќе ја продолжат потрагата за нов менаџер.

Англиските медиуми потенцирата дека веќе е разговарано со бившиот тренер на Валенсија, Марселињо, со тренерот на Порто, Витор Переира, како и со Пауло Соуса, кормиларот на Бордо, а плус во комбинација им е и бившиот член на „непобедливата генерација“ Патриј Виеира, кој ја води Ница.