Обвинителството почна истрага против ПСЖ и Ал Келаифи

Уште еден клуб се соочува со сериозни проблеми поради финансиски малверзации, откако претходно казна за такво нешто доби Јувентус, а се води процес и против англискиот шампион Манчестер сити.

Француските медиуми пишуваат дека обвинителството во Париз почнало истрага против ПСЖ и претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи, а истата треба да утврди дали тимот ангажирал советник по име Хичам Буџила во 2015 година.

Спорниот момент е дека тој бил исплаќан преку тениската академија во Доха, чие име е „Смеш“ со цел да се намалат расходите на францускиот гигант.

Хичам никогаш не работел во академијата во Доха како тениски тренер, туку останал во ПСЖ.