Објавени првите два дизајни за новиот „Сан Сиро“ (ФОТО)

Милан и Интер потврдија дека со полна пареа почнуваат со работа на изградба на новиот „Сан Сиро“. 

Актуелниот стадион е во сопственост на градот Милано и е премногу скап за одржување. Двата милански гиганти немаа речиси никаков ќар од продажбата на билетите, па решија сами да почнат да градат стадион. 

Новиот стадион ќе се гради во близина на „Сан Сиро“, па откако ќе биде целосно изграден, стариот стадион ќе биде срушен и претворен во паркинг. На социјалните мрежи се појавија првите груби фотографии и двата предлога за изгледот на новиот стадион.