Новиот капитен на Барселона во посета на домот на Меси (ФОТО)

Барселона го шокираше цел свет со објавата дека Лионел Меси повеќе нема да биде дел од каталонскиот гигант, па сега се шпекулира за неговиот следен клуб во кариерата.

Навивачите на Барселона се во шок, зашто останаа без човек кој им донесе многу радости, а играчите на каталонскиот тим не веруваат дека Меси повеќе нема да ја дели соблекувалната со нив.

Новиот капитен на Барселона, Серхио Бускетс го посети домот на Лионел Меси, а неговата сопруга Елена на ИНстаграм се збогуваше со аргентинскиот фудбалер и неговата сопруга.

„Пријатели, не може ниту да замислите каква празнина оставате во нашето срце, но далечината нема да биде пречка“, вели Елена.