
Новиот голман на Манчестер јунајтед има неверојатна статистика!
Доцна вечерта англискиот клуб го потврди трансферот на Сене Ламенс.
„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека потпиша со Сене Ламенс договор со трајност до јуни 2030 година“, стои во соопштението на клубот.
Во изминатата година Ламенс имаше 173 одбрани во најдобрата белгиска лига, тоа е за 20 повеќе од било кој друг голман во најдобрите 10 лиги во Европа.