Понижување какво одамна не е видено: Синер му даде само три гема на Бублик

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето од УС Опен откако ноќеска буквално го прегази Александар Бублик од Казахстан со 3-0, со само три загубени гема, по еден во секој сет.

Мечот траеше едвај 84 минути што е необично за оваа фаза од турнирот во која тенисерите се поблиску според квалитетот. Бублик беше 24. носител и иако ја имаше аутсајдерската улога во мечот, веројатно никој не очекуваше дека толку брзо ќе го положи оружјето. Синер, сепак, не постави рекорд бидејќи најкратниот меч на УС Опен го доби Иван Лендл кој во 1987 година го совлада Бари Мур од Јужна Африка со 3-0 (6-0, 6-0, 6-0) за 71 минута. Разликата е во тоа што Лендл тоа го направи во првото коло, а највисокиот пласман во кариерата на Мур беше 92. место.

Во четвртфиналето, Синер ќе се сретне со својот сонародник Лоренцо Музети кој беше подобар од Мунар со 3-0.