Нови проблеми за Барселона: Дембеле во „аут“ цели пет недели

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде има нови главоболки, бидејќи денеска се повреди и Усман Дембеле. 

Младиот Французин ќе биде надвор од терените цели пет недели поради повреда на препоните. За него ова е петта повреда откако е дел од Барселона.

Дембеле беше стартер на првиот натпревар сезонава во Ла Лига во петокот, кога Барса загуби на гости кај Атлетик Билбао со 1-0.

За следниот натпревар против Бетис во недела, Валверде освен на Дембеле поради повреда нема да може да смета ниту на Луис Суарез, ниту на Лионел Меси исто така поради повреда.