Нови проблеми за Артета: Против Челси се повредија уште двајца фудбалери

Фудбалерите на Арсенал не успеаа да го победат Челси, но заостаувањето зад Ливерпул не е единствената лоша вест за тренерот Микел Артета.

Шпанецот по дербито на „Стенфорд Бриџ“ потврди дека Букајо Сака и Даклан Рајс се повредени и ситуацијата според него не изгледала баш најдобро.

„Не ми изгелдаше добро. Двајцата ми кажаа дека не можат да продолжат и тоа очигледно не се добри вести“, изјави Артета.

Од Англија стигна и потврда дека Сака и Рајс нема да се стават на располагање на Англија за натпреварите во Лигата на Нации и ќе продолжат со терапија во Арсенал.

Пред тимот на Микел Артета по репрезентативната пауза е тежок распоред во кој ќе играат со Нотингем Форест на домашен терен, потоа гостуваат на Спортинг Лисабон и Вест Хем, па го пречекуваат Манчестер јунајтед.