Нова ужасна вест за Милан: Се врати по долга пауза и пак ги скина лигаментите

Фудбалерот на Милан, Андреа Конти е приморан да паузира нови шест месеци, откако утринава на тренинг повторно ги скинал лигаментите на коленото.

Десниот бек се повреди на стартот на сезоната откако одигра само три натпревари за „росонерите“, но информациите се дека тој денеска ја обновил истата повреда. Младиот Италијанец повеќе од шест месеци беше надовор од терените, а полека се враќаше во форма, па дури и се најде на клупата на дуелот со Киево во последното коло во Серија А.

Ова значи дека сезоната за Андреа Конти е завршена и дека неговата прва сезона во дресот на Милан е вистински кошмар. Откако одигра неверојатна сезона во дресот на Аталанта лани, „росонерите“ минатото лето плати 30 милиони евра за неговиот трансфер.