Нов случај на Ковид-19 во таборот на Реал Мадрид

По Давид Алаба, денеска позитивен на Ковид-19 е уште еден фудбалер на Реал Мадрид, а тоа е Алваро Одриозола. 

Десниот бек оди во изолација, а ќе може да му се приклучи на тимот штом добие два негативни теста. Засега нема информација од Реал Мадрид дали десниот бек има симптоми или не.

Надвор од составот на Карло Анчелоти е Давид Алаба, кој изминатава недела исто така беше позитивен на вирусот, а стартот на подготовките го пропушти и Карим Бензема, кој беше позитивен додека беше на одмор.